Литванија: Путин нема да запре во Украина

Литванскиот претседател Гитанас Науседа во понеделникот го предупреди американскиот државен секретар Ентони Блинкон дека неуспехот да се запре руската агресија во Украина ќе доведе до глобален конфликт, објави Ројтерс.



За време на турнејата на Блинкон низ балтичките земји, Наузеда истакна дека рускиот лидер Владимир Путин „нема да застане во Украина“ и дека светот мора да им помогне на Украинците „со сите расположливи средства“.

„Навистина мислам со сите средства ако сакаме да ја избегнеме Третата светска војна. Изборот е во наши раце“, рече тој.

Литванија, членка на НАТО, испрати воена помош за Украина и пречека мал број украински бегалци од почетокот на руската инвазија.