„Пиварницата во киевскиот град Лавов во овие 11 дена руска окупација произведе илјадници шишиња со експлозив, кои ги дистрибуираше во речиси сите украински градови. Работниците рекоа дека кога се прошири веста дека пиварницата произведува молотови коктели луѓе од целиот Лавов дојдоа со вреќи полни со празни шишиња, за да ги наполнат со гориво.“ – пренесува информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ во својата видео-информација со наслов „Украинска пиварница произведува молотови коктели со фотографија на гол Путин“.
„Алмакос“ ги пренесува информациите на дел од украинските, но и некои англиски и други медиуми во светот, во кои се наведува, покрај другото: „Пиварницата беше затворена и колегите почнаа да прават коктели. Произведовме илјадници коктели, кои ги испративме до одбранбените сили, за да бидат готови во случај да дојдат тука руски војници и тенкови. Испративме некои во Киев и во други градови каде што им треба воена тактика.“ – рекоа работниците, гордо покажувајќи ги шишињата, на кои на етикетата е прикажана слика на Путин гол и опкружен со тенкови и други окрвавени возила.“
Home Македонија Медиуми: „Пиварница во Лавов, Украина, наместо пива произведува молотови коктели – со...





