Велика Британија денеска го бранеше својот однос кон бегалците од Украина, по критиките дека не прави доволно и дека е далеку зад своите европски соседи во помагањето да се справи со најголемата хуманитарна криза од Втората светска војна.
Британската влада беше критикувана од добротворни организации, опозициски пратеници и од Франција по нејзиното инсистирање украинските бегалци заглавени во францускиот град Кале прво да добијат виза пред да влезат во Британија што предизвика и дипломатски расправии со соседна Франција.
Британците бараат украинските бегалци да извадат визи во Париз или Брисел
Британија објави визни шеми за оние кои имаат семејство во земјата или некој кој може да ги прифати. Медиумите изминатиот викенд објавија дека Британија досега има издадено само околу 50 визи за Украинците, објави Ројтерс.
„Мора да имате на ум дека пред две недели оваа ситуација воопшто не постоеше“, изјави министерот за Европа во владата на Обединетото Кралство Џејмс Клеверли за Би-Би-Си.
„Се обидуваме да создадеме нешто во многу, многу големи размери, многу, многу брзо. Првично, се разбира, ќе биде побавно отколку што би сакале. Но, со текот на времето, тоа ќе се забрза“велат
Претходно Ројтерс објави дека британската министерка за внатрешни работи Прити Пател сака да воведе нова шема која ќе им овозможи на повеќе бегалци кои бегаат од конфликтот во Украина да пристигнат во Британија.







