Зеленски кон руските трупи: Ве чека Судниот ден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по повод вчерашниот празник Прочка синоќа се обрати до нацијата, а на руските војници кои извршиле злосторства во Украина, им порача дека „единственото мирно место“ ги чека е гробот, објави АП.



„Денес е недела на прочка. Но, нема да простиме стотици и стотици жртви. Илјадници и илјадници страдања. И Господ нема да прости. Не денес. Не утре. Никогаш. И наместо прошка ќе има суден ден“, се закани Зеленски.

(…)

И наместо Прочка, ќе има суден ден. Сигурен сум во тоа“, вети украинскиот претседател. …Нема да простиме, нема да заборавиме. Ќе ги казниме сите оние кои извршија злосторства во оваа војна на нашата земја.