Вознемирувачки вести од пазарот на сурова нафта Брент по отворање на берзите во источноазиските земји.
Според почетното тргување, на нафтата од типот Брент и недостасуваат само уште околу 8,5 долари за да ја достигне највисоката номинална цена од започнувањето на таканаречените фјучерси” во јуни 1988 година до денес.
Највисокото ниво на почетокот на тргувањето во понеделникот беше 139,13 долари за барел што е сè уште под историскиот максимум од 147,50 долари за барел поставен во јули 2008 година.
Причината за пазарниот шок на цената на нафтата е војната во Украина и опасноста Русија на среден рок да не ја извезува својата нафта на светските особено западните пазари.
Brent crude hit $139 a barrel, and West Texas Intermediate scaled $130 a barrel, before both paring some of the rally. https://t.co/SQkDPxJ2pr #CrudeOil
— H Ahmed (@Amexken) March 7, 2022





