Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров денеска се огласи и му понуди азил на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Зеленски, ако одиш во Полска, те чека судбината на Саакашвили (претседател на Грузија -н.з.), кој беше подметнат и на крајот вратен на обвинителна клупа.
Ако и верувате на Русија и сте подготвени за дијалог, тогаш јас сум подготвен да се сретнам со вас на половина пат и лично да побарам од рускиот претседател Владимир Путин да ви даде азил и да ви го спаси образот“, порача тој.
Со денови се шпекулира за тоа каде е украинскиот лидер.
Зеленски не е во Украина тврди претседателот на руската Дума
Едната страна тврди дека ја напуштил Украина, додека самиот Зеленски и украинските медиуми ја отфрлаат таа информација и истакнуваат дека шефот на државата се уште е во главниот град Киев.







