Прашање на Прочка: Како да простиш кога некој ти забил нож во грб

Актерот Тони Михајловски на големиот христијански празник Прочка го поставува вечното прашање за прошка за тие што не го заслужуваат тоа.



Актерската ѕвезда со помош на стилската фигура Словенска антитеза дава и одговор на прашањето.

,,Како да простиш некому што ти забил нож во грбот, што те предал, те злоупотребил, те лажел, те омаловажувал, обезвреднувал и нема намера да престане да ти го прави тоа?
Како да простиш некому кој лажно, каков што е и тој самиот, ти побарал прошка?

Не заради тоа што искрено ја бара и има потреба од неа, туку тоа го прави само заради стравот од Бога и Божјата казна.
На таквите простувањето само им го олеснува патот до следното предавство.

Па сепак прости.
Не заради нив.
Заради себе.

За да не се заразиш со нивната злоба. Да не станеш како нив.

Простете ако сум Ви згрешил. Прости ми Господи. Простено нека е🙏🏻”, пишува актерот.