Претседателот на Русија, Владимир Путин најавил дека нападите кон Украина ќе престанеле кога Украина ќе престанела да се брани. Тој во телефонски разговор со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган порачал дека Русија ќе ги прекине своите воени операции само ако барањата на Москва бидат усвоени, соопшти Кремљ.
Путин нагласил дека рускиот напад се одвива според планот и распоредот, јави Би-Би-Си.
Според соопштението на Кремљ, Путин рече дека се надева оти украинските преговарачи ќе заземат поконструктивен став.
Кабинетот на Ердоган соопшти дека турскиот лидер повикал на итен прекин на огнот.
Во соопштението лиферувано по едночасовниот телефонски разговор, турското претседателство соопшти дека Ердоган му кажал на Путин дека Турција е подготвена да придонесе за мирно решение на конфликтот, додавајќи дека прекинот на огнот ќе ја ублажи загриженоста за хуманитарната ситуација, пренесуваат британските медиуми.





