Македонските „црвено-жолти“ го имаат третиот најголем скок на новата листа ФИФА по што се најдовме на 85 место што е враќање во Топ 100 по цели три години. Просперитетот и скокот од 103 позиција се должат на ремито со Италија и победата над Лихтенштајн на почетокот на октомври. Поголем прогрес на нас бележат само Летонија (19 места) и Туркменистан (22 места).



Македонија сега има 410 бодови и за пет месеци напредува за неверојатни 81 место. Напред на респектибилната иста се Германија пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија и Полска, а во првите десет се и Франција, Шпанија, Чиле и Перу.