Во телефонски разговор со турскиот претседател Таип Ердоган, Владимир Путин рекол дека Русија ќе ја прекине својата воена операција само доколку Украина престане да се бори и ако се исполнат барањата на Москва, се вели во соопштението на Кремљ.
Путин на Ердоиган денеска му рекол дека операцијата се одвива според планот и предвиденото и дека се надева оти украинските преговарачи ќе имаат поконструктивен пристап на разговорите и ќе ја земат предвид реалноста на теренот, се вели во соопштението на Кремљ.
Рускиот лидер ја потврди подготвеноста на Москва за дијалог со украинските власти и странските партнери, но нагласи дека Киев ги одложува разговорите и го користи времето за прегрупирање.
Путин, исто така, изрази надеж дека украинските преговарачи на новата средба „ќе покажат поконструктивен пристап, земајќи ги целосно предвид новите реалности“.
Третата рунда преговори е закажана за утре, 7 март.






