Тирана: Руската амбасада ќе биде на „Улицата на слободна Украина“

Албанската влада објави дека на која се наоѓа руската амбасада во Тирана од утре, понеделник, ќе биде преименувана во „Улица на слободна Украина“, јавува албанскиот портал Exit.



Неколку градови направија слични гестови во последните неколку дена по руската инвазија на Украина.

На пример, во Вилнус, Литванија, патот ќе се вика „Улица на хероите на Украина“, додека во Рига, Латвија ќе биде „Улица на независна Украина“.

Во Тирана, улицата која ќе добие ново име е седиште и на амбасадите на Косово и Србија…