Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се подготвува напад врз Одеса од страна на руската армија.



„Тие се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса. Одеса! Русите отсекогаш доаѓале во Одеса. Во Одеса отсекогаш чувствувале само топлина, само искреност. А што е сега? Бомби против Одеса? Артилерија против Одеса? Ракети против Одеса? Тоа ќе биде историско злосторство“, рече тој.

Одеса е големо пристаниште на Црното Море и културен центар, како и административен центар на Одеската Област. Населението на градот според последниот попис во 2004 било над еден милион жители.

Претходно, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов изјави дека руската армија подготвува втора офанзива од големи размери, а руските сили не се откажувале од надежта дека ќе го заземат Киев.