СДСМ: Од септемри повисоки пензии, во наредните 3 месеци по 1.000 денари за секој пензионер

„Усогласувањето на пензиите според швајцарски модел ќе биде два пати годишно и се врзува за порастот на трошоците за живот со 50% и за растот на просечната плата со 50%.   Пензионерите од септември, секој месец ќе имаат покачување од 900 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата“, се вели во соопштениуето од владејачката СДСМ.



Покрај методологијата за раст на пензиите, Владата обезбедува пакет помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.

СДСМ и премиерот Ковачевски го исполнија ветувањето дадено пред неговиот избор за премиер за најголемото зголемување на пензиите“,се вели, меѓу другото, во соопштението на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.