Грк убил четиричлено семејство зашто му должеле кирија

Шеесетгодишен маж бил уапсен дека убил брачна двојка и нивните две мали деца во грчкиот град Андравида затоа што доцнеле со плаќање кирија, јавува Катимерини



Тој го признал делото.

Мајка (37), татко (32) и деца на возраст од 3 и 2 години биле пронајдени мртви во средата во нивниот дом во мало гратче на северозападот на Пелопонез.

Родителите биле убиени со огнено оружје, а децата биле задавени, изјави изјави министерот за цивилна заштита Такис ​​Теодорикакос за државната телевизија ЕРТ.

Наводниот убиец е уапсен во петокот доцна навечер во пристанишниот град Патра, на околу 50 километри североисточно од Андравида, објави новинската агенција АНА.