Русите освоија украинска воена база со огромно количество оружје

Украинците избегале од воената база во близина на Херсон, оставајќи зад себе тони муниција и тенкови, тврдат Русите. Вкупно пронашле повеќе од 4,5 илјади тони муниција.



Руски војници ја презедоа контролата врз воената база на вооружените сили на Украина кај селото Раденск, во областа Херсон, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Базата се наоѓаше на површина од шест до седум хектари. Меѓу трофеите пронајдени во неа беа и украинските тенкови Т-64 и Т-80, оклопни транспортери, борбени возила. На неколку метри од паркингот се наоѓа голем хангар. Во него има складиште за муниција, мини, противтенковски ракети, минофрлачи и тенковски гранати“, објави руското Министерство.

Градоначалникот на Керсон, Ихор Колихаев, изјави за Си-Ен-Ен дека во градот нема повеќе оружје за да се спротивстави на руските сили.