ТВ Топ Чанел: „Пет жртви во сообраќајка во Албанија – Шкумбин (20) и Алмеина (16) прославија свршувачка и потоа заминаа во смрт“

„Петмина мртви – тоа е билансот на жртвите во трагичната сообраќајна несреќа, која се случи синоќа околу полноќта на патниот правец Фуш Круја – Милот во Албанија.“ – јави ТВ ТОП Чанел.

РВ Топ Чанел пишува: „Се сомнева дека причина за сообраќајната несреќа се преголемата брзина и погрешното претекнување на патот. Рудина Хака (34) им подлегна на повредите денеска во болница. Претходната ноќ загинаа возачите Алфред Дика (39) и Артан Алуши (30), како и патниците Шкумбин Брати (20) и Алмеина Карај (16).“

„Прославата на свршувачката на Шкумбин Брати и на Алмеина Карај се претвори во трагедија, откако и тие починаа на самото место во сударот на двата целосно уништени автомобила.“