Арпад Штербик беше клучен во триумфот на Вардар над барселона од 27-24 и сосема очекувано и заслужено, со оглед на неговото „командување” со одбраната на „црвено-црните” е прогласен за голман на колото број 5 во ЛШ. 15 одбрани, 10 во првиот дел, неколку зицери и логично Штербик е повторно во избраното друшво.



Идеален тим на 5 коло во ракометната ЛШ:
голман – Арпад Штербик (Вардар)

лево крило – Бастер Луј Јасен (Алборг)

лев бек – Мадс Менса Ларсен (Рајн Некар)

плејмејкер – Немања Прибак (Бешикташ)

десен бек – Алекс Душебаев (Киелце)

десно крило – Микел Дашек (Висла)

пикер – Николас Турна (Нант)

Еве дел од одбраните на Штербик со Барселона.