Касами: „Беса ќе го артикулира уште помоќно гласот на Албанците, на секој граѓанин газен од претходните влади“

„Движењето Беса го одржа денес вториот конгрес, на кој го избра Билал Касами повторно како претседател“ – јави ТВ21.



ТВ 21 пишува: „По гласањето Касами изјави за медиумите дека денешниот конгрес е доказ оти Движењето Беса продолжува уште посилно. ‘Денес сме сведоци дека Движењето Беса продолжува уште помоќно да го артикулира гласот на Албанците, гласот на секој граѓанин, кој беше газен од претходните влади.’ – рече Касами.

„Тој додаде дека ‘Движењето Беса ќе биде силна потпора, на сите кои таа им е потребна.“

„Завет за татковината!’ е мотото под кое Беса го одржа својот конгрес, на кој присуствуваа и Алијансата на Албанците и ВМРО ДПМНЕ.“