Италијанската полиција ја конфискува јахтата на најбогатиот човек во Русија, Алексеј Мордашов, кој оваа недела беше ставен на црната листа на Европската унија по нападот на Москва врз Украина, објави Ројтерс.



Запленета е 65-метарската „Лејди М“. Според Форбс, вредна 27 милиони долари.

Јахтата на милијардерот Генадиј Тимченко, која има блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин, исто така наводно била блокирана од италијанските власти и наскоро ќе биде „конфискувана“.

Во Франција е „уапсена“ јахтата на шефот на Роснефт Игор Сечин, исто така близок до Путин, а Франција подготвува списоци, кои вклучуваат финансиски средства, недвижен имот, јахти и луксузни автомобили на руски богаташи.

Германските власти ја заплениле јахтата на друг олигарх близок до Путин, Алишер Удманов. Суперјахтата Дилбар, долга 150 метри, чини околу 600 милиони долари.