Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, ги отфрли информациите дека албански платеници се упатуваат во Украина.
Базањи за Топ Ченл: Има многу Албанци во украинската војска
Според министерката, тоа е лага создадена од Москва, нагласувајќи дека Албанија стои до Украина и ќе продолжи да работи со сите сојузници и партнери за да помогне да се стави крај на руската агресија.
„Во Украина нема албански платеници“, вели Џачка.
Официјални лица од Албанија, Косово и БиХ ги негираа наводите. Албанија со закон го забрани учеството на свои граѓани, како војници во други земји. Кривичниот законик за учесниците во воените дејствија во странска држава предвидува казна затвор во траење од 10 до 15 години.
Претходно, украинската амбасада во Тирана повика ако има доброволци за да се пријават кај нив.
Москва тврди дека „платеници“ од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина се испраќаат да се борат заедно со украинските сили против проруските бунтовници.






