„Алмакос“: „Младите Албанци се зачленуваат во македонските партии поради перспективи – тоа е нормално и не треба да да загрижува“

„Деновиве прочитавме вест дека во скопската населба Сарај некои млади Албанци решиле да се зачленат во македонската партија ВМРО-ДПМНЕ. Оваа постапка треба да биде нормална и не треба никого да не изненадува, ниту да загрижува кого било. Овие млади луѓе ниту се првите, ниту ќе бидат последните, што ќе се зачленуваат во македонските партии.“ – се вели во непотпишан коментар со наслов „Албанската младина не е виновна, поради зачленувањето во македонска партија!“, кој го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

„Алмакос“ пишува: „Во 2016 година група луѓе во голем број се приклучија кон СДСМ. За оваа појава на зачленување на младите во СДСМ и сега во ВМРО ДПМНЕ не се виновни младите Албанци, туку албанските политички партии. Тие ги принудуваат младите да преминуваат младите во македонските политички партии, бидеќи како албански политички субјекти не им обезбедуваат на сите млади Албанци исти, рамноправни и добри услови, ниту здрави перспективи за напредување во работата и кариерата.“

„Албанските политички партии не им даваат на мнозинството млади луѓе воопшто ниту можности за вработување, а и да ги вработат ним не им овозможуваат да се подготват, да се обучуваат и да напредуваат на нивните работни места и во кариерите. Со ниски плати не може да има ниту поттик, ниту можност за напредување. За реализација на најголемите лични и професионални амбиции овде не може да стане ниту збор.“

„Албанска политичка партија, која е на власт 18 години, поставува само едни исти луѓе на високи државни и јавни позиции и функции. На пример, во Владата овој политички субјект многу ретко врши кадровски промени. Има министри и заменици-министри со многу долг рок на опстојување на позициите, но има и трајни и недопирливи министри. Може ли некој да каже: како да се задржат луѓето, особено младите, во оваа партија, кога со таквиот пристап на овој политички субјект младите никогаш нема да можат да ги остварат своите желби и амбиции?“

„Затоа еден дел на младите Албанци се зачленуваат во македонските партии со надеж дека ќе ги остварат полесно своите желби и амбиции. Членувањето на младите Албанци низ македонските партии има барем едно нешто добро и позитивно: што ги задржува да останат овде во татковината, а не да заминуваат и да остануваат низ светот. Никој не раѓал деца, за да ги изгуби потоа.“ – се заклучува во овој коментар, кој го објави „Алмакос“.