„Лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи и на Алтернатива Африм Гаши не гласаа за Декларацијата со која се осудуваат воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, што беше усвоена во македонскиот Парламент. Тие не се наоѓаа меѓу пратениците, кои беа присутни во собраниската сала да гласаат.“ – констатираше информативниот портал на албански јазик „ин7“ во својот осврт со наслов „Ахмети, Тачи и Гаши не гласаа за Резолуцијата против Русија“.
Ин7“ пишува: „Не е првпат Ахмети, Тачи и Гаши да не присуствуваат кога се изгласуваат закони во Собранието на Македонија. Единствениот албански партиски лидер, кој гласаше за Резолуцијата против Русија беше претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, кој учествуваше на седницата од почетокот до крајот.“





