Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров го поддржа преименувањето на улицата во која се наоѓа Амбасадата на Русија во литванскиот главен град Вилнус во „Херои на Украина“!
„Креативен потег што вреди да се следи низ целиот свет: Улиците каде што се наоѓаат руските амбасади да се преименуваат во ‘Херои на Украина’!“, напиша на Твитер потписникот на Преспанскиот договор, со кој се преименува Република Македонија, врз твитот: „Улицата во Вилнус каде се наоѓа Руската амбасада беше преименувана во ‘Улица на хероите на Украина’. Сигурен сум дека персоналот на Амбасадата ќе биде воодушевен од нивните нови детали за контакт“.






