Се намали вредноста на еврото.
Оваа валута денеска падна блиску до 21-месечен минимум поради загриженоста дека војната во Украина ќе го загрози европскиот раст.
Еврото се тргуваше за 1,1097 долари, нешто над минималниот од 1,1058 долари, кој падна во текот на ноќта, што беше негова најниска вредност од мај 2020 година, пренесе Ројтерс.
Еврото е на пат да ја заврши четвртата недела по ред со загуба во однос на американскиот долар.
Во соседна Србија пак луѓето почнаа да купуваат девизи, посебно евра поради страв за тоа што ќе се случува на економски план, откако Русија ја почна инвазијата во Украина.
И руската рубља доживеа голем пад на вредноста.





