Младинската организација на поранешната владејачка партија ГЕРБ предизвика паника меѓу населението, поради што илјадници Бугари во средата нагрнаа на бензинските пумпи, стравувајќи од силен скок на гориво следниот ден, на 3-ти март.



Премиерот Кирил Петков уште еднаш повтори дека во земјава има доволно количество гориво.

„Единствената причина за паниката во средата беше тоа што беа користени фотографии од неколку мали бензински пумпи кои беа постирани на социјалните мрежи под политички или хибриден напад.

Луѓето што ги гледаме се поврзани или организирани со младинска организација и со ГЕРБ“, рече Петков.