Фетаи: „Целосно корумпираната ДУИ ќе соработува и со ѓаволот и неговиот син, ако извади власт и пари од тоа“

„Еден ден, еден скандал.“ – вели Арбен Фетаи од Алијансата на Албанците во врска со Демократската унија за интеграција и нејзините функционери во својата објава на фејсбук, која ја пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“.

Фетаи пишува: „Завчера: Бујар Османи го направи ‘малиот Милошевиќ’ Љубомир Фрчковски амбасадор во Обединетите Нации“

„Вчера: Блерим Беџети, Висар Ганиу и други и дадоа 12 илјади евра за една година на спикерката Бесмира Ејупи, која што Бујар Османи се обиде да ја направи конзул во Њујорк.“

„Денеска: Фатмир Бесими и дал тендери вредни 1 милион и 643 илјади евра на компанијата на Миодраг Додик, санкционирани од САД.“

„За кризата околу нафтата и брашното, како и за лагите на Крешник Бектеши да не зборуваме.“

„Ова е ДУИ, целосно корумпирана и готовна да соработува и со ѓаволот и неговиот син, ако извади власт и пари од тоа“