„Немаме лоши намери кон нашите соседи. Сметаме дека нема потреба да преземаат дополнителни акции со кои би ги влошиле нашите односи, ние ги исполнуваме нашите обврски.
Мислам дека сите треба да размислат како да ги нормализираме односите и да соработуваме. Оние кои ќе одбијат да соработуваат ќе и наштетат на Русија, но и на себеси“, изјави Владимир Путин и ја повика меѓународната заедница на нормализирање на односите со Русија и им порача на своите соседи да не ја влошуваат ситуацијата со дополнителни санкции…
Тој додаде дека руската економија ќе се прилагоди на сегашната ситуација.






