„Путин успеа во нешто што ЕУ долго време не успеала“, вели австрискиот претседател

„ Двете страни мора да бидат свесни дека секоја понатамошна ескалација мора да се спречи“, рече австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, истакнувајќи дека директната интервенција ќе претставува непроценлив ризик.



Вели дека конфликтот во Украина ќе биде ставен под контрола, но стравува дека ситуацијата нема бргу да се смири.

Тој ја истакна важноста од добра организација на земјите од ЕУ.

„ Да ја немаше ЕУ, ќе имаше хаос“ нагласи Ван дер Белен, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин успеал во нешто што ЕУ долго време не успеала да го постигне, а тоа е брзата и решителна акција на Унијата.

Кога станува збор за пристапувањето на Украина во ЕУ, тој смета дека тоа би било прерано.