Во Словенија децата во училиште не треба да носат маски

Во Словенија децата во училиште не треба да носат маски – сопштија здравствените власти. Тие и ја одобрија можноста за вакцинација со вакцината Pfizer/BioNTech за младите од 12 до 18 години, потврдила владата.



Одлуката за вакцинирање на деца следи по препораката на Европската агенција за лекови (ЕМА), која пред десетина дена соопшти дека нема безбедносни ризици и дека имунолошкиот одговор кај оваа возрасна група е сличен на оној кај возрасните, изјави за новинарите инфектологот Бојана Беовиќ.

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.823 инфекции, со нешто над 30.000 активни случаи, додека општата епидемиолошка состојба продолжува да се подобрува, поради што владата, по препорака на епидемиолозите, одлучила да го укине задолжителното носење маски во училишта.

Бројот на хоспитализирани пациенти опаѓа, а одделенијата за интензивна нега за пациенти со Ковид во две болници се затворени оваа недела, изјави министерот за здравство Јанез Поклукар по седницата на владата, додавајќи дека е донесена одлука да се прекине обврската за носење маски во училниците.

Ова важи за целото времетраење на образовната програма, освен ако не се работи за клиничка пракса, вежби и слично надвор од училиштето или факултетот, објаснил министерот.