Бугарски научник пренесува дека Софија и Скопје имаат договор за укинување на ветото во ЕУ

Бугарскиот политиколог и предавач на школата за глобални и географски студии Димитар Бечев пренесува неофицијални најави информации дека владите во Скопје и Софија веќе се договорени за преку на бугарското вето во ЕУ.



Бечев најавува дека овој договор може да биде ефектуиран во Јуни кога заедно со Македонија на патот кон ЕУ може да биде одблокирана и Албанија.

,,Информациите од Софија се дека е донесена одлука за укинување на ветото на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Се чини дека двете влади имаат договор. Ајде да видиме”, пишува Бечев кој важи за еден од поупатените неполитички актери во македонско-бугарскиот спор.

Официјално бугарските и македонските власти не откриваат никакви детали за развој на настаните на оваа тема.

Официјално Скопје молчи за содржината на темите за кои според информациите на Белев веќе е постигнат договор.