Ковачевски: Денес решение за раст на пензиите!?

„Денес ќе имаме состанок со асоцијациите на пензионерите и верувам дека ќе имаме решение за новата методологија за пензиите и за финансиски пакет за поддршка на пензионерите“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Слободна ТВ.



Вели дека веќе се привршуваат анализите во однос на методологијата за покачување и за финансиска помош на пензионерите врз основа на првата сесија од дијалогот со Сојузот на здруженијата на пензионерите, и го нагласи ова прашање како приоритетно во однос на соочувањето на актуелната криза со војната од Украина која има европски и светски размери.