Шпеулации се дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната недела поради што вчера се создаде паника и огромни редици на бензиските пумпи.



„Нафтени деривати има, редовно е снабдувањето и резерви има. Снабдувањето е без никакви проблеми и немало прекин на испорака на бензин. Она што загрижува е што на некои пумпи вчера се продавале бензин за само 500 денари со намера да заштедат резерви и да го продадат поскапо“, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика за Утрински брифинг.

Првиот човек на РКЕ вели дека малите пумпи немаат право да го прават тоа.

„Тоа се воени профитери кои за да заработат нешто ситно на нечиј грб, но ние денес ќе доставиме извстување до Обвинителството за таквите појави“, додава Бислимоски..