МВР на Спасовски набавило 1500 компјутери од фирма од ,,Црната листа” на САД

МВР кое го води Оливер Спасовски на 18 јануари годинава набавило договор за плаќање на над еден милион евра на фирма која што се наоѓа на црната листа на САД.



Ова вечерва во ,,Само интервју” на Канал 5 го откри потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Тој објави документи кои покажуваат соработка меѓу МВР под контрола на СДСМ со фирмата ,,Инфинити” од Република Српска која е црната листа на САД а е во сопственост на синот на претседателот на РС Мирослав Додиг кој е исто така на листата на Вашингтон.

Според Николовски МВР на Спасовски набавило 1500 компјутери од фирмата и со тоа остава простор за сомнеж дека преку компјутерите спорната фирма може да има контрола на ситауцијата во МВР и безбедносниот систем.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ власта е лицемерна затоа што додека ја обвинува за проруски ставови а во исто време води бизнис со фирми од црната листа на САД.

Изјавата на Николовски на оваа тема е по 35 минута од видеото е на Канал 5

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/919435568741203/