Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, објави дека започнала втората рунда украинско-руски преговори за запирање на воените дејствија во Украина.
Тој на Твитер сподели фотографија од средбата и објави кои се за Украина 3-те клучни прашања за кои треба да се разговара:
„Итен прекин на огнот
Примирје
Хуманитарни коридори за евакуација на цивили од уништени или постојано гранатирани села/градови“, објави Подољак.







