Амбасадорот Ефремов се враќа во Украина по македонските граѓани

Актуелниот амбасадор во Украина Крум Ефремов и уште искусен конзуларен работник, заминуваат повторно во таа земја со цел да ги водат процесите на терен при асистирањето за евакуација на наши државјани и украински државјани поврзани со нив, соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР).



Македонските дипломати евакуирани од Киев

„Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сè уште на украинска територија како и нивни членови на семејство украински државјани.

Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сè до нивното напуштање на земјата, а потоа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава“, соопштија од МНР.