„Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ го предложи лидерот на Граѓанското движење УРА, поранешниот вицепремиер Дритан Абазовиќ како мандатар за составување на новата Влада на Црна Гора.“ – објави Редакцијата на албански јазик на Радио Слободна Европа.
Редакцијата на албански јазик на Радио Слободна Европа го пренесува соопштението на Ѓукановиќ поврзано со тој негов предлог: .„Претставниците на Движењето УРА и нивните политички партнери недвосмислено ме убедија дека имаат парламентарно мнозинство за избор на Влада на Црна Гора во Парламентот на Црна Гора. Убеден сум дека е во најдобар интерес на Црна Гора Владата да дејствува со целосен капацитет колку е можно побргу, особено поради зголемените безбедносни и политички предизвици, предизвикани од војната во Украина и нејзиниот одраз врз стабилноста на Балканот. Очекувам Парламентот да одржи седница и да одлучи за програмата и составот на Владата на предлог на мандатарот.“
„Јас сум многу горд што сум Албанец, кој живее во Црна Гора, и јас се борам за правата на Албанците“ – истакна Дритан Абазовиќ во една своја изјава, која беше објавена на ТВ Топ Чанел на 3.септември 2020 година, како и во други медиуми на албански јазик во регионот .





