Указот на претседателот Стево Пендаровски за упатувањето на Љубомир Фрчкоски во Мисијата на Македонија во ОН во Њујорк е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани, од повеќе причини, оценува Алијанса на Албанците.
„Од опозициската партија го обвинуваат екс-министерот за полиција Фрчкоски за настани кога во минатото “ги газел“ Албанците. Дека бил „албанофоб и фашист“ а Албанците ги опишувал како „племиња“… дека е „персона нон грата“ во САД…“ пренесува МКД.МК
Значи, САД му ја затворија вратата на Љубомир Фрчкоски, а Стево Пендаровски и Бујар Османи се обидуваат да го вметнат преку прозорец“, изјави Арбен Таравари.
Како дополнителни причини зошто не треба да оди во Њујорк тој вели дека Фрчкоски е озлогласен и антизападен поединец.
„Затоа го повикуваме претседателот да го повлече указот на Фрчкоски и да не нанесува толку сериозна штета на интересите на државата и нејзините граѓани. Ако по секоја цена сакаат да го направат Фрчкоски амбасадор, единственото место каде што овој поединец би бил прифатлив е Путиновата Москва, но во никој случај престолнините на нашите западни сојузници.
Со министерот за надворешни работи од ДУИ, Бујар Османи, ниту вреди да се занимаваме. Неговите последователни деманти за овој случај, но и инсистирањето зад сцена Фрчкоски да биде амбасадор во САД, покажуваат дека тој е само заложник, а од кого, тој самиот знае подобро“, додаде Tаравари.







