Бугарскиот пр Милер Кирил Петков и спикерот на народното Собрание Минчев денеска биле исвиркани и гаѓани со снежни топки за време на прославата на бугарскиот национален празник ,,Трети март – ден на бугарското национално обединување”, пренесуваат бугарските медиуми.
На прославата која се одржува во местото Шипка премиерот и спикерот биле постојано исвиркувани и кон нив биле упатувани пораките: ,,Предавник”, ,,НАТО надвор”, ,,Оставка”.
Во видеото во повеќе наврати се гледа како обезбедувањето на Петков се обидува да спречи снежни топки да го погодат премиерот.
Петков по лошиот прием од присутните кој во најголем дел биле членови на помали бугарски партии побара Бугарите да не се делат затоа што тоа штети на националните интереси.
Меѓу масата која била непријателски настроена имало бугарски, руски и украински знамиња во чест на руските и украинските војници кои учествувале во воените операции против Отоманската империја а кои во своите говори ги споменаа и Петков и Минчев.
На прославата која е во чест на Санстефанскиот договор постигнат по победата на Русија против Турција со кој Македонија потпаднала под Бугарија беа искажани повеќе сериозни провокации кон Македонија за што следува посебна вест.
Линк до видеото:
https://www.facebook.com/novinite.bnt/videos/1136533800439692/





