Германија е подготвена доколку Русија престане да извезува гас во земјата, изјави министерот за економија Роберт Хабек, цитиран од Ројтерс.
Според него, се е во ред за оваа зима и лето, но следната зима ќе треба да се преземат дополнителни мерки. Во најлош случај, Берлин ќе мора да ги задржи своите електрани на јаглен како резерва, па дури и може да ги остави да работат.
Сепак, тој увери дека е преземена обврска на среден рок да се префрли на обновливи извори.
„Газпром“ продолжува да испорачува руски гас на редовна основа за транзит во Европа преку Украина, изјави портпаролот на холдингот Сергеј Купријанов, цитиран од ТАСС.







