Продолжуваат преговорите, Зеленски повика отпорот да продолжи

 Преговарачките тимови на Украина и Русија денеска треба да ги продолжат разговорите за постигнување заедничко прифатливо речение кое би довело до прекин на воени дејствија во Украина.



Средбата, втора по ред, треба да се одржи  на границата меѓу Полска и Белорусија.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски рано утринава преку видео порака до нацијата даде оптимистичка оценка за војната и ги повика Украинците да продолжат со отпорот, јавија британските медиуми.

-Ние сме нација која една недела ги осуетува плановите на непријателот, рече тој. „Тука нема да имаат мир. Нема да имаат храна. Овде нема да имаат мир“, рече Зеленски.