Тежок блам за Пендаровски, човек кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ООН – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за назначување на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Њујорк.
-Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90тите години. Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен. Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали.
Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк. Пендаровски ги потценува САД. Пендаровски го нарушува угледот на Македонија – додаваат од најголемата опозициска партија.





