КЗБ: Сертификатите да се укинат само за моловите

Денеска се одржа редовна седница на Комисијата за заразни болести, каде се разговарало околу мерките.



Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски и портпаролот Злате Мехмедовиќ на прес конференција посочија дека има одлука за укинување на задолжителното поседување на сертификати за вакцинација при влез во моловите, додека пак за во угостителски објект каде ќе треба да се спушти заштитната маска, оваа мерка останува.

„Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни“, рече Петличковски.

Мехмедовиќ вели дека оваа мерка не е целосно укината.

„Ќе се контролира таму каде ќе се служи храна. Не би требало укинувањето на мерките да даде зголемување на бројот на заразени“, кажа Мехмедновиќ