Русија сака да го назначи поранешниот украински претседател Виктор Јанукович за нов лидер на Украина, објави порталот „Украинска правда“, повикувајќи се на информации добиени од украинските разузнавачи.
Јанукович беше соборен за време на големите антивладини протести во Киев зимата 2013 -2014 година, по што побегна во Русија.
Според порталот, Јанукович сега е во Минск.
Во јануари, Обединетото Кралство објави разузнавачки информации дека Москва планира да назначи проруски политичар на чело на украинската влада.
Евхен Мураев беше спомнат како потенцијален кандидат на Кремљ.






