Основачот и сопственик на американското порнографско списание „Хастлер“ понуди 10 милиони долари за тие кои ќе му дадат компромитирачки информациите за претседателот Доналд Трамп, со кои би можел да биде отповикан.



„Не очекувам дека Трамп ќе го обвинат неговите пријатели милијардери, но верувам дека има многу луѓе кои знаат за некои работи, и за кои овие десет милиони долари се големи пари“, напишал Лари Флинт во рекламата објавена во Вашингтон пост и тоа на цела страна.

Порнографскиот крал Флинт се сеќава дека тој понудил награда од 1 милион долари за да се откријат информациите и со тоа предизвикал двајца републикански политичари да ја завршат својата политичка кариера.