До крајот на месецов Државниот завод за статистика ќе ги објави конечните резултати од пописот кога истекува и законскиот рок, дознава Радио слободна Европа.



Пописот на населението и домаќинствата се спроведе од 5 до 30 септември, а веднаш потоа почна обработката на податоците, а за првични резултати беше речено дека ќе бидат објавени во јануари, но тоа не се случи.

Македонија немаше спроведено попис две децении, но искуствата од земјите од регионот покажуваат дека тие ги објавуваат првичните за два-три месеци по завршувањето на пребројувањето, а потоа се чека за конечните резултати, објави РСЕ.

Тачи: Бугарите трети по Бројност во Македонија

РСЕ потсетува дека пописот во Македонија е тема со силен политички набој, зашто, според Уставот, од резултатите зависи и остварувањето на колективните права на заедниците, пред се употребата на јазикот и правичната вработеност во администрацијата.