Очекувано, продолжувањето на војната во Украина и санкциите кон Русија влијае на нагорниот тек на цените на енергенсите:



Суровата нафта од типот „брент“, што е меѓународниот репер за цените на нафтата, достигна 113 долари за барел, што претставува највисоко ниво од јуни 2014 година.

Северен поток 2 најави банкрот

Зголемувањето се случува дури и откако членовите на Меѓународната агенција за енергетика се согласија да ослободат 60 милиони барели нафта од резервите за итни случаи.

Цената на гасот во Европа утринава порасна на повеќе од 2.000 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE, објави Фактор.

Вкупниот раст на цената на гасот достигна 22,5 отсто, пренесува агенцијата ТАСС.

Медведев; Европа ќе плаќа по 2.000 евра за гас

Во холандскиот центар ТТФ се тргуваше со гас за априлска испорака (фјучерс договори) по цена од 2.011 долари за илјада кубни метри.

Русија е еден од најголемите производители на енергија во светот и инвеститорите се загрижени дека може да бидат засегнати испораките на нафта или гас.