Абрамович го понудил „Челзи“ на швајцарски милијардер

Швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис(86) изјави дека добил понуда да го купи клубот “Челзи“ од Роман Абрамович заедно со уште неколку заинтересирани, јавуваат медиуми.



Абрамович се најде под зголемен притисок во текот на изминатата недела по рускиот напад на Украина, при што пратеникот од Лабуристичката партија Крис Брајант рече дека сопственикот на Челзи е „преплашен“ од санкциите од британската влада.

По введувањето на санкциите Абрамович нема друга опција оцверн да го продаде клубот иако претходно била отфрлена понуда д 2,2 милијарди фунти, тврди британски „Експрес“.

Вајс е бизнисмен роден во Швајцарија, кој моментално живее во САД, а своето богатство го стекнал како основач и поранешен претседателна Synthes USA, производител на медицински уреди.

86-годишникот има пријавена нето вредност од над 5 милијарди долари и е прогласен за еден од „најголемите филантропи во светот“ од Форбс.