„Во емисијата ‘200’ на ТВ Алсат претставничката на украинската заедница во Македонија Тамила Велковска го искажа своето разочарување од некои македонски граѓани со лицемерни погледи, кои изразуваат поддршка за рускиот претседател Владимир Путин во агресијата против Украина.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Претставничката на украинската заедница во Македонија разочарана од поддржувачите на Путин во земјава“.
На својот интернет-портал ТВ Алсат пренесе дел од акцентите од својата емисија: „Велковска вели дека не разбира: како е можно граѓани на земја-членка на НАТО да имаат лицемерни погледи? ‘Не го разбирам воопшто тој лицемерен балкански дух: од една страна велат дека се против Западот, а од друга страна ги праќаат своите деца таму да живеат и да учат. Земјата е членка на НАТО и тие се против НАТО. Како на обичен човек ова не ми е јасно… без да сакам да навлегувам во политика.’ – вели Велковска.“
„Украина самата ја води Третата светска војна за цела Европа’ – нагласува претставничката на украинската заедница во Македонија Велковска. Како што вели таа, иако поддршка за Украина доаѓа безмалку од целиот свет, на теренот војната ја водат Украинците сами. ’Нам ни е мило што нѐ поддржуваат не само Вашингтон, туку и целиот свет, на секој можен начин. Тоа многу ни значи. Но, низ социјалните мрежи во Украина се шири една изрека: ‘Украина сама ја води Третата светска војна за целата Европа’. Исто така, и јас сум со тој став. Ние се бориме за цела Европа. Иако нѐ поддржуваат, ние сме сами.’ – посочува Тамила Велковска.“
Home Македонија Велковска: „Разочарување од некои македонски граѓани со лицемерни погледи, кои го поддржуваат...





