Македонскиот активист Гоце Панговски реобјавува сведоштво за посебноста на Македонците од Бугарите објавено од страна на големобугарскиот национал-шовинист Петко Рачев Славејков.
Неговата статија која e насловена „Македонското прашање“ („Македонскый-тъ Въпросъ“, в. Македонiя год. V, бр. 3, Цареградъ, 18.01.1871 г., стр. 2-3.) е добро позната, обработена и објавувана во македонската историографија и претставува еден од најдобрите бугарски докази за посебноста на македонска нација.
,,Јас, минатата година, токму на денот кога се навршија цели 150 години од нејзиното објавување, фототипно објавив некои од најважните делови од оваа статија, во која Славејков повеќе пати буквално цитира што нему и на другите Бугари уште пред век и половина им говореле Македонците. Затоа таа е своевиден тестаментален документ со кој не само што се потврдува посебноста на Македонците од Бугарите, туку и во срж се разбиваат сите подоцнежни бугарски небулози, од типот „Македонците ги создаде Тито во 1944 г.“ или „Македонците ги создаде Коминтерната во 1934 година“, пишува Панговски кој порачува дека Истото важи и за апологетите на „северната“ дивоградба, коишто везден врескаат за некаква божемна „антиквизација“ во Македонија!
(на овој линк е постот за посочената статија)
https://www.facebook.com/goce.pangovski/posts/10225989295107626
Панговски сега фототипно објавува делови од една дописка објавена во бугарскиот весник „Право“ токму на 1 март (стар стил), 1871 г., чии редактори биле Бугарите Христо Стојанов и Иван Најденов.
Во неа покрај одвратните навреди и омаловажувања кон Македонците, сепак има признание и потврда за сведоштвото изнесено од страна на Славејков во неговата статија за посебноста на Македонците од Бугарите.
„…Ете гледате денес како се обединуваат меѓусебно различни елементи во еден народ, како Пруси и Германци, Баварци и Виртембергци, Пиемонтци и Наполитанци, а само вие Македонците, коишто по ништо не се разликувате од нас, наместо да сторите како што прават просветените народи, наместо да се соедините во еден цел народ бугарски, за наш заеднички просперитет, вие правите како глупавите деца, што не знаат што е историско свидетелство, вашите мислења немаат никаква зрелост ни единство, со еден збор да ви кажам вие сте како пусти или забегани говеда, вие глупави луѓе сте намислиле сега да се отцепите од бугарскиот народ, та да составите одделен македонски народ, којшто одамна исчезнал од лицето на земјата, но не ќе можете…“, цитира Панговски и продолжува:
„…Најпосле сепак пред една-две години кога разговаравме со едни Македонци разбравме дека тие имале друга цел, погубна–нивното разделување од бугарскиот народ, коешто досега го криеја зад завесата на јазичните наречја, но ние најпосле успеавме да ја откриеме.
Тие многу опстојуваа дека тие и нивните соотечественици–Македонските Бугари не биле Бугари, ами едни сметаат дека биле остаток од старите Словени, што живееле во тие места од незапамтени времиња, а други пак велат (дека биле) од уште по старите Македонци, Филипови и Александрови, и не знам од кои уште, без да можат да се потпрат на едно историско сведоштво, а (велат) не биле потомци на Бугарите, коишто според нив потекнувале од Татар.(ско) покол(ение), а коишто според нас го завладеале целиот балкански полуостров, дури и најзападните негови делови, и основале Буг.(арско) царство во Охрид, родниот град на некои од врлите Македонисти, та така ги слеале во себе сите различни (балкански) племиња и народности…“.

,,Што да каже човек, освен дека „глупави деца“, „пусти и забегани говеда“, „глупави луѓе“ сте вие, мили тупи ама упорити блгарчета, што се’ уште, после цели 150 години не можете да разберете дека ниту сме биле, ниту сме, ниту некогаш ќе бидеме „с’шти народ“!
Само наци-шовинистички идиоти може ем да не си го знаат сопствениот „произход“ ем везден да блујат и врескаат глупости и на другите луѓе да им наметнуваат кои се и што се”, заклучува Панговски кој со бугарско ,,оружје” целосно ја уништува бугарската теза за ,,еден народ во две држави”.







