Голораки украински цивили запираат руски воен конвој со своите тела (ВИДЕО)

Инцидентот според BNO News се случил во градот Мелитопол, на југозапад на Украина каде десетина Украинци застануваат пред руските воени возила и не им дозволуваат да поминат.



Руски војник најпрвин испукува два рафали во воздух но потоа се повлекува во возилото.

И војниците од другото поголемо возило кое доаѓа на помош се запрени од граѓаните кои со своите тела без оружје го блокираат воениот конвој.

За светот и Украинците ова е пример на неверојатна храброст, за Русите ова е доказ дека руската војска не напаѓа цивили.